Во тек се повикот за аплицирање за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ за локалните избори 2021. Воедно, Организацијата уште еднаш ги повика граѓанките и граѓаните да учествуваат во борбата против лажните вести и говорот на омразата со пријавување случаи во онлајн пријавата на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со претставници на медиумите во 10:00 часот.
Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 44-та седница за пратенички прашања во 11:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.