ЦИВИЛ бележи голем интерес за аплицирање за мобилни изборни набљудувачи за локалните избори 2021. Минатата недела, Организацијата ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.
Повикот во оваа фаза е отворен до 30 јуни на полноќ и ќе бидат избрани 150 набљудувачи. Набрзо потоа, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите. Во одговор на заинтересираните, од Организацијата нагласуваат дека сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно дека секој набљудувач има обврска да покрие околу десет избирачки места.
ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА
Четворица од пријавените кандидат-ки ќе бидат селектирани како долгорочни мобилни набљудувачи, кои ќе му се приклучат на постојаниот тим за мониторинг на ЦИВИЛ.
Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.
Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, како и кандидати на изборите, немаат право на учество на овој повик.
ЦИВИЛ