Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи прес-конференција во 10:00 часот.
Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 39 седница во 11:00 часот, по што следат седница на собраниската Комисија за здравство во 12:00 часот и седница на собраниската Законодавно-правна комисија во 14:00 часот.
Националниот Блок „Не отворам врата“ ќе одржи прес-конференција во 12:30 часот.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз, амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј и амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри преку видео конференциска врска ќе одржат „Дискусија за националната подготовка за учество на Конференцијата COP 26 во Глазгов“.
Денеска, во 12:00 часот во касарната „Илинден“, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизкок, ќе присуствуваат на примопредавањето на турската донација за припадниците на Армијата на Северна Македонија од 7.400 комплети гортекс униформи (палто и пантолони).
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.