Во 12:00 часот Премиерот Зоран Заев со воведно обраќање ќе го отвори првиот Национален Старт-ап самит под мотото „Заеднички влијаеме“, во организација на „Старт-ап Македонија“ и „Бизнис импакт лаб“ и со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската претприемачка програма – Swiss EP.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати на отворањето на панелот „Патот до Преспа форум за дијалог“ организиран од МНР во 13:00 часот.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски ќе одржи брифинг во 10:30 часот.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски ќе присуствуваат на отворање на новата туристичка и едукативна атракција „Дино парк Скопје“ во 20:00 часот.
Во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.