• Latest

За почеток на денот: Прес-конференција за пописот, четири седници во Собранието, се формира Граѓанско-инспекциски совет…

March 22, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

За почеток на денот: Прес-конференција за пописот, четири седници во Собранието, се формира Граѓанско-инспекциски совет…

March 22, 2021 09:15
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска и утре ќе престојува во Тирана каде што ќе се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти. Тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и процесот на Попис во Република Северна Македонија.

Во 10:30 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде претставен Граѓанскиот инспекциски совет при Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Целта на советот е поефикасна соработка на Инспекторатот со граѓанскиот сектор.

Во 12:00 часот заедничка прес-конференција ќе одржат портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика. Темата на прес-конференцијата е претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите, активностите кои се во тек, како и осврт на пописот во дијаспората.

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржат четири седници:

 –Седница на собраниската Комисија за економски прашања, каде единствена точка на дневниот ред на Комисијата за економски прашања ќе биде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи, во прво читање, со почеток во 11:00 часот.

-Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе започне во 12:00 часот. На дневниот ред на Комисијата за одбрана и безбедност има осум точки, меѓу кои и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за КОВИД-19 и спречување од негово ширење и поради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државава.

На дневниот ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, во прво читање, за изменување на Законот за заштита од експлозивни материи и за изменување и дополнување на Законот за странци, двата во второ читање.

– Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе започне во 12:30 часот каде ќе се  разгледуваат Предлог-законот за буџети, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, како и Предлог-законот за продажба на станови кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот кој потекнува од поранешната ЈНА и се доделени на користење на лица вработени во Министерството за одбрана и Армијата, трите во прво читање.

-Седници на Законодавно-правна комисија со почеток во 13:30 и 13:45 часот. Законодавно-правната комисија ќе одржи две последователни седници со вкупно 26 точки на дневен ред, од кои на првата се предлог-законите за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, поднесен од пратеници од  власта, двата во прво читање. На втората седница на оваа собраниска комисија има 24 законски решенија, меѓу кои и Предлог-законот за образование на возрасните, во прво читање, предлог-законите за изменување на Законот за меница, на Законот за фондот за осигурување на депозити, на Законот за лизинг и на Законот за финансиските друштва, сите во второ читање.

Најавите се од сервисот на МИА.

Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување. 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ