Со почеток во 12:00 часот, Младинскиот образовен форум ќе ги презентира наодите од документот “Млади во криза 0.2“ – Ефекти од пандемијата врз младите и препораки до институциите. Настанот е организиран од Агенцијата за млади и спорт.
Денеска во Скопје со почеток во 15:00 часот ќе се одржи првата седница на парламентарната Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.
Министерот за финансии Фатмир Бесими, шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп ќе ги презентираат резултатите што произлегуваат од поддршката обезбедена од Европската Унија во областа на јавните финансии. Твининг-проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, спроведување и внатрешна контрола“ го потпомага Министерството за финансии во процесот на реформирање на системот на јавни финансии.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде ќе учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии. Министерот Османи, ќе биде прв политички претставник од Република Северна Македонија кој физички ќе присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет од зачленувањето на нашата земја во НАТО.
Најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.