Во 11:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во 17:45 часот еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во посета на Северна Македонија по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19 од ЕУ, при што со австриската министерка за Европа и устав Каролине Едштадлер, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ќе го посетат вакциналниот пункт во СЦ Борис Трајковски.
Во 11:35 ќе се одржи прес-конференција на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и на сојузната министерка за Европа и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер
Министерот за економија Крешник Бектеши во посета на Брисел.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.