Во 11:45 часот премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе одржат заедничка прес-конференција со претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски и претседателот на Организација на работодавачи Ангел Димитров.
Во 09:45 часот министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, Мартин Клус, заменик министерот на МНР на Република Словачка, амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш и директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова ќе присуствуваат на настан во врска со донација од Република Словачка.
Седница на ДИК во 12:00 часот.
Во 10:00 часот министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста за промоција на втората група од 55 од вкупно 120 професионални војници во прв подофицерски чин.
Во 12:00 часот ќе се одржи , донација од Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.
Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во 13:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.