Во 12:00 часот ќе се одржи седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции.
Од 11:00 часот до 13:00 часот ќе се одржат: седница на собраниската Законодавно-правна комисија, седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, и седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски ќе се обрати на тркалезна маса по повод Светскиот ден на безбедна храна – 7 јуни во 10:00 часот.
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 49-тата седница во 10:00 часот.
Онлајн информативна сесија за грантова шема, во организација на Фондација Метаморфозис во 10:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.