Во 09:00 часот висока делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал-потполковник Даниел Петреску ќе престојува вна еднодневна официјална посета на Република Северна Македонија.
Во 12:30 ќе се одржи прес-конференција на Туристичко-угостителската комора, по што туристичко-угостителскиот сектор започнува со најавените протести.
Во 11:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Собранието ќе ја продолжи 34. Седница, и седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет во 12:00 часот, по што следува седница на собраниската Законодавно-правна комисија во 14:00 часот.
Видео-средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со претставници на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Харалд Бергман од Холандија и Зденек Броз од Чешка во 14:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.