Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 30 седница во 12:00 часот и 32 седница во 12:15 часот.
Координаторите на пратеничките групи Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми и Скендер Реџепи ќе одржат средба во 10:00 часот со Росана Дуџак, постојана претставничка на ОН.
Со почеток во 14:00 часот, членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците ќе остварат средба со Здруженијата на граѓани на заедниците – Мрежа за мултикултурно општество.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе одржи прес-конференција во 10:30 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.