Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија во 11:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во 11:00 часот.
Седница на собраниската Законодавно-правна комисија во 13.00 часот.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ќе ја посетат полициската станица Карпош во 12:30 часот.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија(ССМ), Дарко Димовски ќе одржат состанок во 12:00 часот.
Во 10:30 часот ќе се одржи прес-конференција на заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа, на која ќе биде презентиран Посебниот извештај за состојбата со неевидентираните деца во матичните книги на родени по примената на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.