ЦИВИЛ го проширува мониторинг тимот за дезинформации и говор на омраза.
Во 10:00 часот Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи продолжение на 47.седница.
Во 10:45 часот вицепремиерите за економски прашања, Фатмир Битиќи,и за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ќе извршат увид на градежните активности на експресниот пат Ранковце -Крива Паланка.
Во 11:00 часот директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира деталите од анализата за економските активности во ТИР зоните во 2020 година.
Во 11:00 часот директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ – Скопје, Хари Локвенец, по повод 9 април – Денот на железничарите, ќе одржи брифинг со новинари.
Ќе се одржи прес-конференција во 11:00 часот по повод именување на Шалтер салата во рамки на зградата на Пошта меѓу 7-те најзагрозени споменици во Европа во 2021.
Во 12:00 часот конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе одржи прес – конференција.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.