По повод денот на Европа, ЦИВИЛ ќе снима видео спотови за почитување на различностите и европските вредности.
Претседателот Стево Пендаровски во 15:00 часот ќе го прими лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршување на средбата претседателот Пендаровски ќе одржи прес-конференција.
Со почеток во 11:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.
Во 11:30 часот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе се обрати на свеченоста за одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај.
Во 12:00 часот министерот за здравство Венко Филипче ќе се вакцинира против Ковид-19.
Во 11:00 часот градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ќе одржи прес-конференција.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.