ЦИВИЛ продолжува со снимање на видео пораките за иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се сретне со главниот преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ, Зеф Мази во 12:00 часот.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се сретне со главниот ЕУ преговарач на Република Албанија, Зеф Мази, по што ќе следи прес-конференција на Османи и Мази во 10:45 часот.
Во 10:30 часот министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски ќе учествуваат на средба со новинари за претстојната вежба „Одлучен удар 21“ на Криволак.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.