ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Недискриминација и мултикултурализам во училиштата“ денес, среда, 5 мај, со почеток во 13 часот. На панелот ќе земат учество Министерката за образование и наука, Мила Царовска, проф. Елена Џукеска од Независниот академски синдикат и Бленди Ходаи, претседател на Средношколски сојуз. Модератор на дискусијата ќе биде Џабир Дерала од ЦИВИЛ, кој на почетокот ќе направи и кратка презентација на проектот „Европски перспективи“.
Во 11:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, по што ќе следат 30, 34 и 39 седница во 12:00 часот.
На покана на италијанскиот министер за одбрана Лоренцо Гуерини, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од денеска престојува во работна посета на Република Италија.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи работна средба со австрискиот пратеник во Европскиот парламент, Андреас Шидер во 10:00 часот.
Во 11:30 часот копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Република Северна Македонија Биљал Касами ќе одржи средба со австрискиот пратеник во Европскиот парламент, Андреас Шидер.
Во 13:30 часот, заедничка прес-конференција ќе одржат заменик-претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата, криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.