Вебинарот за граѓанско новинарство и медиумска писменост со богата и динамична агенда, одлична можност за дружење и ангажман.
ЦИВИЛ ќе одржи уште два бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост на 2 и 3 април (петок и сабота) со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат до 16:30 часот. За учество на вебинарот, потребно е да се пополни онлајн АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО.
Со почеток во 10:30 часот министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи прес-конференција.
Денеска во Скопје во 11:00 часот министерот за надворешни работи Бујар Османи е домаќин на Доминик Отберг, регионален директор на француската Агенција за развој (АФД), кој ќе одржи неформален брифинг со медиумите, каде ќе одржи презентација за улогата и претстојните активности на Агенцијата во земјава.
Во Скопје со почеток во 11:00 часот Civil Rights Defenders и Институтот за европска политика – Скопје организираат виртуелна конференција „Темел на човековите права: Ефективни национални институции за Западниот Балкан“.
Денеска во 11:45 часот вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе престојува во официјална посета на Словенија, каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Анже Логар.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.