ЦИВИЛ денеска ќе одржи јавен настан на тема „Можеме ли заедно?“ на кој ќе стане збор за тоа кои се придобивките кога различните заедници работат и живеат заедно, во хотел Парк Резиденс&Спа, зад градскиот стадион во Скопје во 13:00 часот.
На настанот ќе учествуваат активистката Лиса Баута Шаќири, актерката Владанка Димковска и Ванчо Орданоски, сопственик на бизнис во ИТ секторот. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири, ЦИВИЛ.
Со почеток во 12:00 часот Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи продолженија на 3-та, 4-та, 6-та, 7-та, 8-та и 9-та седница.
Со почеток во 16:30 часот во хотел Солун ќе се одржи јавна расправа „Локална поддршка за младинско претприемништво во Скопскиот регион: предизвици и перспективи“ како дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).
Седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во 11:00 часот.
Работна средба на Интерпартиска парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија во 11:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за европски прашања во 11:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност во 10:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за здравство во 13:00 часот.
Јавна седница на Државната изборна комисија во 12:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.