ЦИВИЛ денеска организира панел дискусија на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?“, во хотелот Парк Резиденс (зад градскиот стадион) во Скопје, со почеток во 13 часот.
Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 43.седница во 11:00 часот.
Работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците во 14:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за надворешни работи во 10:45 часот.
Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 13:00 часот.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на министерскиот состанок за надворешни работи во рамките на германското претседателство со Берлинскиот процес во 2021 година, што ќе се одржи во видео формат.
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села ќе одржи брифинг со уредници на медиуми во 10:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.