ЦИВИЛ денеска организира работилница на тема „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свеста и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“ во Велес во општинската сала, со почеток во 13 часот.
Трета работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратеницитe во 10:00 часот.
Прес – конференција по повод воспоставената соработка меѓу Министерството за одбрана и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на која ќе присуствува министерката за одбрана Радмила Шекеринска во 11:00 часот.
Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер во посета на Собранието.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.