ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „Можеме ли заедно?“ на кој ќе стане збор за тоа кои се придобивките кога различните заедници работат и живеат заедно, на 2 јуни (среда), во хотел Парк Резиденс&Спа, зад градскиот стадион во Скопје.
На настанот ќе учествуваат активистката Лиса Баута Шаќири, актерката Владанка Димковска и Ванчо Орданоски, сопственик на бизнис во ИТ секторот. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири, ЦИВИЛ.
Собранието на Република Северна Македонија со почеток од 12:00 часот ќе одржи продолженија на повеќе седници.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот началник на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин ќе присуствуваат на презентација на моделите на лесните тактички оклопни возила на производителот „Oshkosh Defense“ за кои е планирано да станат составен дел од капацитетите на Армијата на Република Северна Македонија во 11:00 часот
Во 10:00 часот министерот за здравство Венко Филипче, амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш и претставници од компанијата „Алкалоид“ ќе присуствуваат на настан организиран од Универзитетската клиника за детски болести по повод Светскиот ден на детето.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.