Собранието ќе ги одржи 18., 26., 29., 34. и 39. седница од 12:00 до 13:00 часот.
Во 11:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.
Во 12:00 часот Владата ќе одржи редовна седница.
Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија:
– Свечената церемонија за пречек, потпишување во книгата за гости, тет-а-тет средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и заедничка средба на македонската и чешката делегација во 09:40 часот
– Прес-конференција на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и чешкиот министер Метнар во 11:00 часот
– Потпишување Меморандум за разбирање за техничка соработка меѓу Министерствата за одбрана и за внатрешни работи на Северна Македонија и Министерството за одбрана на Чешка во 11:25 часот.
– Чешкиот министер Метнар ќе има одвоени средби со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателот на собраниската комисија за одбрана и безбедност, Миле Талевски во 13:00 часот.
– Презентација за безбедноста од страна на чешкиот министер Метнар пред Комисијата за одбрана и безбедност и Собраниската делегација во ПС НАТО во 14:00 часот
– Предавање за безбедноста од страна на чешкиот заменик-министер за одбранбена политика и стратегија, Јан Хавранек пред Комисијата за одбрана и безбедност и собраниската делегација во ПС НАТО од 14:00 до 14:35 часот.
Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ ќе одржи прес-конференција во 11:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.