Премиерот Зоран Заев денеска во Атина ќе учествува на панел дискусија во рамки на конференцијата на „Економист“ – 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“.
Рокот за аплицирање за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ истекува утре, на 10 јули, објави ЦИВИЛ. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА)
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за европски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија во сала „Борис Трајковски“ во 10:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за европски прашања, сала 6 во 11:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет во сала „Борис Трајковски“ во 12:00 часот.
Седници на собраниската Законодавно-правна комисија во сала 6 во 13:00, 13:10 и 13:15 часот.
Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска ќе го отвори Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка, во хотел Мериот во 10:00 часот.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе одржи прес конференција по повод објавување на Програмата за јубилејниот 20-ти CINEDAYS, во МКЦ ,10:30 часот.
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ ќе одржи прес конференција во ресторан „Ореов Лад“ во 10:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.