Во 10:40 во Вилнус вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Литванија Габриелиус Ландсбергис ќе одржат прес-конференција.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во официјална посета на Република Косово.
Од 10:00 до 18:00 ќе се одржува вакцинација на пратениците од Собранието, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.
Во 10:00 часот претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ ќе одржат прес-конференција.
Во 10:00 часот Сојузот на синдикатите на Македонија ќе одржи прес-конференција на која онлајн ќе се обратат претседателот на ССМ, Дарко Димовски, директорката на ДИТ, Јована Тренчевска и координаторот на Меѓународната организација на трудот, Емил Крстановски
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го одржи второто продолжение на 47 седница во 11:00 часот.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски ќе одржи прес-конференција во 11:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.