• Latest

За претседателот Иванов е неуставен Законот за употреба на јазиците

January 18, 2018
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За претседателот Иванов е неуставен Законот за употреба на јазиците

January 18, 2018 11:21
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, вчеравечер соопшти дека Законот за употреба на јазиците е неуставен и дека нема да го потпише указот за негово прогласување.

„Наместо во духот на дијалогот и соживотот да градиме мултиетничко општетство преку праведни и општо прифатени закони ние донесуваме неправеден и репресивен закон со кој се фаворизира само албанскиот јазик. Затоа имајќи ги предвид моите согледувања за неусогласеноста на Законот за употреба на јазиците со Уставот, но и изнесените укажувања на експертската и пошироката јавност за противуставноста на овој закокн, а врз основа на член 75 од Уставот на РМ донесов одлука да не го потпишувам указот за прогласување на Законот за употреб ана јазиците“, рече Иванов.

Тој оцени дека со овој закон се воведува многу скап паралелизам во сите органи на државната власт, што води кон нивна целосна блокада и нефункционалност и оти во услови на блокада постои опасност да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загорзување на унитарноста, суверенитетот и теротијралниот интегритет на државата.

Иванов ги повика пратениците во Собранието внимателно да ги разгледаат неговите забелешки.

Владата на Република Македонија изрази жалење за одлуката на претседателот Иванов да не го потпише указот за Законот за употреба на јазиците.

„Во оваа прилика сакаме уште еднаш да нагласиме дека сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. Со Законот ја унапредуваме употребата на јазиците на сите заедници во РМ. Мотивот за донесување на овој закон е грижата за сите граѓани во Република Македонија, во која градиме општество еднакво за сите. Тоа е концепт во кој оваа Влада силно верува и кој ќе продолжиме и понатаму да го унапредуваме“, соопштија од Владата.

Од Владата додаваат дека со Законот, ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, што значи дека Законот, ја проширува употребата на јазиците во институциите, и ќе овозможи на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик.

„Законот за употреба на јазиците не го доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија, ниту употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо кои и понатаму остануваат единствени официјални службен јазик и писмо на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, одбраната, централната полиција и монетарната политика“, наведуваат од Владата.

Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците на 11 јануари, а потоа текстот беше испратен во кабинетот на претседателот.

По одбивањето на Иванов да не го потпише указот за негово прогласување, според членот 75 од Уставот на Република Македонија, Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот е должен да го потпише. Или доколку Законот се носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, Претседателот е должен да го потпише указот.

Деловникот на Собранието, предвидува, ако претседателот одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно да го разгледа законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на неговото донесување.

Д. М.

Tags: владаЃорѓе ИвановЗакон за употреба на јазицитене потпишауказунитареност
Share27TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ