• Latest

За прв пат предадено американското знаме на министерка од РСМ, Димитров демантира дека се повлекува по своја желба, каде заврши оружјето што му го донесе Аркан на Мијалков…

January 12, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За прв пат предадено американското знаме на министерка од РСМ, Димитров демантира дека се повлекува по своја желба, каде заврши оружјето што му го донесе Аркан на Мијалков…

January 12, 2022 16:46
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Американското знаме за прв пат предадено на наш министер

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД, на церемонија во Скопје што започна со интонирање на химните на двете земји.

Шекеринска е првиот наш министер на кој му е врачено американско знаме како симбол и признание за одличната соработка и зајакнато партнерство и сојузништво со САД.

– Благодарение на вашата визија и влијание, Армијата на Северна Македонија брзо се модернизираше и се движеше напред во целосна НАТО интеграција. Како најнов член на Алијансата, Северна Македонија веќе е значителен придонесувач кон стабилноста и безбедноста. Под вашето лидерство, САД и Северна Македонија дополнително ја продлабочија меѓусебната соработка како никогаш досега во 28-годишната соработка во одбраната на двете земји, што најдобро ја потврдува развојот на „Криволак“ во најдобра тренинг зона во Европа. Прифатете го ова знаме, што се вееше над Амбасадата на САД во Скопје, како симбол на наша благодарност и пријателство, рече амбасадорката Брнз.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Димитров: Не се повлеков сам, моите позиции за спорот со Софија причина што нема да бидам дел владата

-Сакам да демантирам дека самиот сум се повлекол. Тоа не е точно. Јас не сум човек што се повлекува од битки. Не се повлеков затоа што чувствувам одговорност и сметам дека позициите што ги застапувам во процесот на преговори со Бугарија се исправни и важно е да се одржат. Имав сериозна битка внатре особено во последната година во однос и на дефинирањето на националните позиции, значи за самата суштина на маката, ама и на стратегијата, односно на текот на самите преговори. Таа битка не беше тајна. Разликите беа евидентни и во јавните пораки и во јавните настапи, изјави  Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на денешната прес-конференција, во врска со информацијата дека нема да биде дел од новата влада.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕАКЦИЈА Од кабинетот на премиерот Заев стигна реакција по повод изнесените ставови од Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на денешната прес конференција.

Од кабинетот на Заев истакнуваат дека Северна Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија, изградени со целосно владино единство и испратени како одговор од нашето МНР до бугарското МНР. Македонскиот идентитет и македонскиот јазик воопшто не се тема на разговор помеѓу нас и Бугарија.

Македонските позиции дадени како наш одговор по однос на темите кои се предмет на разговори со Бугарија, за кои јавноста е добро запознаена, се изградени низ сеопфатен консултативен процес и работни состаноци во кои Никола Димитров имаше активна и суштинска улога и за кои придонесе со своите ставови, а пак таквите наши позиции се целосно на линија на португалскиот предлог кој беше предлог и на словенечкото претседателство, но и целосно во согласност со Резолуцијата усвоена во Собранието на Северна Македонија, се вели во реакцијата.

АНКЕТА БНТ Расте процентот на граѓани во Бугарија кои сметаат дека треба да се каже „да“ за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ и без претходен договор за отворените прашања. Ова е мислењето на 29,6 отсто од испитаниците, што е зголемување за околу 13 отсто во однос на ноември 2020 година, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од Алфа Рисрч презентирано за време на познатата неделна коментаторска емисија „Референдум“ на Бугарската национална телевизија посветена на бугарско-македонските односи.

БЛОКАДАТА на Бугарија кон Северна Македонија во однос на интеграцијата на земјата во Европската Унија, претседателот на Албанија Илир Мета ја смета за неправедна. Во изјава за Порталб.мк тој рече дека сепак е оптимист дека овој спор наскоро ќе биде затворен.

ЛАЖНИ ВЕСТИ Повеќе од 80 организации за проверка на факти ја повикаа онлајн видео платформата Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите, нудејќи помош за разоткривање на лажни тврдења.

– Секој ден гледаме дека YouTube е еден од главните канали на онлајн дезинформации ширум светот, истакнаа групи од целиот свет – од Политифакт и Вашингтон пост во САД до Африка чек (Africa Check) со седиште во Кенија.

– Видеата што содржат лажни информации останаа „под радарот на политиките на Јутјуб, особено во земјите од неанглиско говорно подрачје, велат тие во отворено писмо до шефицата на платформата Сузан Војчицки.

СОСТАНОК Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот НАТО-Русија. Русија на првиот состанок на Советот во последните две години ја претставуваат заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко и заменик министерот за одбрана Александар Фомин.

МОНИТОРИНГ

Коментари со стравотен говор на омраза под Фејсбук објави на македонските медиуми, чија е одговорноста?

Еден угледен портал на македонски јазик деновиве објави содржина поврзана со Шарената револуција. Прилогот, кој содржеше ставови на учесничка во овие протести во 2016 година, беше објавен а потоа и спонзориран на Фејсбук страницата на медиумот, и предизвика повеќе коментари, дел од кои содржеше и стравотен говор на омраза и навреди кон активистката.

„Сите од шарените треба Жена парк голи и да се полијат со боја да бидат вистински шарени за злото што и го донесоа на Македонија“…„Кривец е Груевски што сите не ве поапси за уништување на државен имот ненормални едни“…„Мрш северџанко“…„Смрдушкава глупава уште се гребе“, е дел од коментарите што користат навреди, говор на омраза и повикуваат на насилство кон активистката и учесниците во Шарената револуција.“, пишува меѓу другото во анализата Петрит Сарачини.

ИНТЕРВЈУ

Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

Експертот за безбедност и универзитетски професор во пензија, Проф. д-р Иван Бабановски зборува за тоа која е врската меѓу нелегалната трговија со оружје со организираниот криминал во земјата и регионот. Разговорот со Проф. Бабановски е дел од активностите на проектот на ЦИВИЛ „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд.

БРЗА ПОШТА

СвеЦки заговор против Димитров

„Понесен од суетата дека ете, него, токму него, најпаметниот, најубавиот, најзгодниот од сите министри, нема да го има во новата влада, а тој самиот не се откажал, туку, ете, замислете, они се дрзнале веќе да не го играат, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров одржа прес конференција за  да ја соопшти таа жална вест за македонската , а богами и за бугарската и свеЦката  јавност, јер освен тукашните, не го сакале (веќе) ни надворешните фактори, па сковале свеЦки заговор за да му напакостат.“, пишува Драган Мишев во БРЗА ПОШТА.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Едноставно е, ако политичарите сакаат решенија на овие експертски проблеми, треба да повикаат експерти – и меѓународни и домашни, кои ќе работат на решавањето на проблемите со говорот на омразата и непочитувањето на човековите права во Бугарија и Македонија. Меѓутоа, не гледам дека има искрена политичка волја во Бугарија и Македонија за решавање на споменативе проблеми, туку поскоро гледам обид за политизирање и на говорот на омраза и човековите права, исто како што бевме сведоци на политизирање на историјата кое доведе до тотална блокада на работата на комисијата за историски и образовни проблеми.“, пишува Жарко Трајановски во колумната „Ако се сака, има решенија и за говорот на омраза и непочитувањето на човековите права во Бугарија и Македонија. Ама, дали се сака?“

„Постојано слушавме само што не отпочнала борбата против корупцијата, борба за санирање на последиците од истата. За таа цел се изнагледавме едно чудо реформи во законодавството, судството, образованието здравството и каде уште не. Видовме безброј планови и програми, а ефектот е рамен на нула. И затоа искрено се плашам дека новата вицепемиерка задолжена за борба со корупцијата може успешно да се вклопи во досегашната воспоставена матрица на однесување и дејствување на овој план.“, прочитајте во колумната на Јове Кекеновски, Порака до идната вицепремиерка за борба против корупцијата“.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ