• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

За Путин, сѐ се одвива според планот

January 17, 2023

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

За Путин, сѐ се одвива според планот

January 17, 2023 08:35
in ES-PRESS-O, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Кој вели дека и крволочните злосторници какви што се Путин и неговите следбеници не може да изгледаат и како кловнови? Колку и да е грозен и нечовечен режимот на Путин, толку неговите постапки и целата клика околу него, се гротескни и може да предизвикаат смеа. Навистина, таквата смеа неизбежно е придружена со длабоко чувство на гадење, презир и осуда, но доаѓа од тешката глупост на крволочните светски натрапници, грабливци и убијци. Нивната деструктивност и патологија е придружена со таква бесмисленост и нелогичност, што ги прави и комични, освен што предизвикуваат згрозување кое тешко може да се опише со зборови.

Само една од бескрајната низа од контрадикторности беше и веста која го обиколи светот, дека Путиновиот режим изрекува затворски казни за употреба на зборот војна, а не „специјална операција“, самиот го употреби забранетиот збор во свој говор неодамна. Светот го забележа тоа како да е нешто ново за режимот на овој ладнокрвен злосторник и лудак, но тоа беше микроскопски мала „вербална незгода“ во споредба со сите огромни лаги кои го погодуваат рускиот народ и целиот свет цели 23 години откако тој е на власт во Русија.

Од почетокот на целосната инвазија против Украина, Путин упорно тврди дека сѐ се одвива според планот на неговото министерство за одбрана. Така и деновиве, Путин и другите лудаци околу него, нападот на Соледар го нарекуваат „битка за ослободување“.

И ова мало гратче се претвори во машина за мелење месо. Цели бранови на руски војници исчезнуваат за миг, фатени во вкрстен оган меѓу украинските бранители и разбојниците на злосторничката банда наречена „Вагнер“ кои ги убиваат ако сакаат да се повлечат.

Освојувањето на Соледар, стратешки безначајно гратче во близината на Бахмут, Путин се обидува да го прикаже како голема победа. Дека „сѐ се одвива според планот“.

Освен што е лудак, тој е и будала. И патолошки лажго.

Соледар, според извори од самото боиште, сѐ уште се држи. Грдо е и крваво, но се држи. Според изворите од првата линија на уличните битки, линиите на нападот и одбраната се поместуваат напред-назад само по неколку десетици метри.

Војниците пукаат едни на други на оддалеченост од само неколку метри. Можат да се видат и да се слушнат, да ја распознаат бојата на очите на оние во кои пукаат за да им го одземат животот. Едните ја бранат својата земја, другите се дел од крволочна машинерија за освојување на туѓа земја.

Може Соледар и да падне. Но по која цена и што ќе остане од ова мало, воено-стратешки безначајно гратче? Дали тоа е победа за Русите? Невозможно е тоа да се нарече победа.

Но за Путин сѐ се одвива според планот. Злотвор, но и будала.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: CivilMedia
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ