• Latest

За соживот се потребни најмалку двајца

August 23, 2018
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

За соживот се потребни најмалку двајца

August 23, 2018 09:52
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Спортот како спорт не го следам, освен во ситуации како со фудбалската репрезентација на Хрватска на светското фудбалско првенство, но затоа ја следам политиката во спортот, што значи дека следам голем дел од него. За жал, многу малку спорт има во спортот, а многу политика, корупција, скандали и насилство. За денеска, сакам да пишувам за патриотизмот и соживотот (за кој се потребни најмалку двајца), поттикнат од разговор со еден активист, уметник и интелектуалец, мој драг другар и колега. Му благодарам за тоа.

Пишува: Џабир Дерала

Дрита Ислами, македонска атлетичарка трчаше за Македонија во Таипеи. На фотографиите од овој меѓународен спортски настан, ја видовме наметната со македонско знаме, а околу ногата имаше и трака со нашето знаме. Постигна слаб резултат, како и многумина наши спортистки и спортисти. Сепак, знамето гордо и насмеано го обвитка околу себе и се појави пред камерите.

Младиот Агрон Руфати, надежен македонски фудбалски талент, одби примамлива понуда од спортските ловци на таленти од Албанија и одлучи да игра за македонската репрезентација.

Овие двајца направиле нешто што е многу природно и, во принцип, не би било некој особен повод за пишување во овој формат. Но (ах тоа вечно „но!“ што се наметнува насекаде во македонскиот начин на живот), револтира и загрижува невидливоста на овие постапки на гордост со земјата што ја претставуваат и ги впрегнуваат своите мускули, ум и таленти.

Медиумите не најдоа за потребно да ги одбележат овие постапки, да се обидат да им дадат пример на другите млади и сите останати македонски граѓанки и граѓани. Не мора ни да се потенцира дека тие се припадници на албанската етничка заедница во Македонија. Тоа е важен мотив и мотив повеќе за оние што секојдневно искажуваат јавен збор во медиумите или во политиката – да им дадат посебно значење на гестовите на овие млади луѓе. И, тоа го прават без одговорност, без совест и срам. Не само со своите деструктивни настапи, концепции и политики, туку и со својот молк и (не)намерно пропуштање на можноста да одбележат и да поддржат вакви постапки, толку потребни во овој деликатен период за земјата.

За жал, тука не е крајот на оваа кратка и тревожна приказна. Молкот за патриотскиот гест на младата Дрита беше заменет со зајадливост на сметка на нејзиниот лош спортски резултат, иако ни оддалеку не е единствената репрезентативка со лоши резултати на меѓународните натпревари. И тука не е крајот. Таа беше мета на грда кампања поради нејзината фотографија на која со рацете симболизира орел, нешто што ја одбележува нејзината етничка припадност, независно од државјанството. И тоа го прави како туристка, посетителка на познатиот берлински Checkpoint Charlie.

Ова беше одбележано на сите ѕвона, со нескриен говор на омраза и апсурдно повикување таа да се извини за нешто што е нејзино неотуѓиво право по сите основи. Политичарите и тука потфрлија, поточно, молчеа. Па и НВО (фолирантите) не најдоа за сходно да мрднат со прст. А во меѓувреме, Атлетската федерација на Македонија наоѓа за сходно да покрене постапка за нејзино казнување, по некоја друга бирократска основа. За вистинските мотиви не сакам да расправам.

Се разбира, сега ќе бидам повикан да се осврнам на албанските националистички испади (за кои, инаку, пишувам), без да се погледне во сопствениот двор. Само ќе повикам да се чита редовно и да се биде фер. Да не се гледа трошката во туѓото, а да се занемарува балванот во сопственото око. Но, кому да му кажеш…

За крај, само гласно ќе извикам: Да живее Македонија, земја на еднакви луѓе!

Tags: национализампатриотизамполитикасоживотспорт
Share282TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ