• Latest

Забрчанец: Борбата против лажните вести е дел од „Акција 21“, ја засилуваме заедно со граѓаните и медиумите

January 15, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Забрчанец: Борбата против лажните вести е дел од „Акција 21“, ја засилуваме заедно со граѓаните и медиумите

„Нашите амбиции за борба против дезинформациите и натаму стојат, некој се обиде да манипулира дека ние ќе имаме наводно некаква комисија која ќе одлучува што е лажна вест, а што не е. Тоа е најевтино и најпропагандно пакување во однос на акцискиот план. Не, не сме ние за тоа, нема да одлучуваме која веста е лага која не, но сериозно ќе излеземе и ќе потенцираме ако некој лаже“, истакна Забрчанец.

January 15, 2021 00:13
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Сакаме да ги искористиме сите капацитети на институциите и да ги поттикнеме сите чинители во општеството, како граѓаните, медиумите и образовните институции, во борбата против дезинформации. Притоа без да имаме претензија да се наметнуваме и да кажуваме кој како и што треба да прави. Затоа планот е нацрт, светот уште трага по решение како да се справи со ова, уште нема начин. Нашите амбиции за борба против дезинформациите и натаму стојат, некој се обиде да манипулира дека ние ќе имаме наводно некаква комисија која ќе одлучува што е лажна вест, а што не е. Тоа е најевтино и најпропагандно пакување во однос на акцискиот план. Не, не сме ние за тоа, нема да одлучуваме која веста е лага која не, но сериозно ќе излеземе и ќе потенцираме ако некој лаже, како примерот со тоа дека немаме тестови за корона во јавното здравство“, изјави Марјан Забрчанец, националниот координатор за стратегиски комуникации, во емисијата „Вин вин“, на телевизија Телма.

„Здраво е, корисно и суштински дека Владата мора да внимава до каде оди во борбата против дезинформациите. И ве охрабрувам тоа да го правите и кон оваа, и кон секоја следна влада, до каде може да чепка во информарањето. Дали Акциоскиот план за борба против лажните вести е проект, или обид, не е важно, важно е дека имаме сериозна намера да се занимаваме со сферата на дезинформации. Денес, во 2021 година повторно велиме дека ова е приоритет, оти гледаме до каде дезинформациите можат да одат и да наштетат“, истакна Забрчанец.

„Немаме втор акциски план за борба против дезинформациите, ова што го промовираме е истиот план од пред година-две, но сега го издигаме на повисоко ниво, сега е дел од планот на Владата „Акција 21“ и јас навистина не гледам што е проблем ако ние реагираме кон некого што шири дезинформации, тоа е начин како да укажеме на вистината“, потенцира Забрчанец.

Тој го посочи примерот со пласирање дезинформации од страна на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, кога го исплаши населението дека здравствениот систем нема тестови за корона вирусот.

„Ако излезе јавно лидер на опозиција и им вели на граѓаните да внимаваат оти овие во здравството имаат уште само 100 теста или немаат ниеден тест, дали ова е свесно да се манипулира со граѓаните, да се внесе страв и паника? Што може Владата да направи? Владата мора да реагира на секој обид за дезинформирање на јавноста“, изјави Забрчанец.

Реагираше на изнесените мислења во емисијата дали е неопходен акциски план за борба против лажните вести.

„Каде во тој план гледате арбитража? Во планот има воведување медиумска писменост во образованието, владата да оди напред со транспаретноста, да ги направиме општините транспарентни со тоа што мора јавно да објавуваат одредени документи, ова е во ред да биде во планот? Или е глупо? Зарем ова не е начин за борба против лажните вести?“, праша Забрчанец.

Тој потенцираше дека Владата има сериозна соработка и со „Фејсбук“, со „Јутјуб“, со „Вибер“, и како резултат на таа длабинска соработка вестите кои се потврдени со факти и вистина од институциите, овие мрежи им даваат приоритет и ги означуваат како вистинити.

„Ќе илустрирам кога пресовите на министерот Филипче одеа само онлајн без присуство на новинари, а одредени ботови упаѓаа за да го прекинат, „Јутјуб“ направи посебен заштитен канал со цел пресовите да се емитуваат непрекинато“, истакна Забрчанец.

Дополни дека сите партии не користат „ботови“ (лажни профили на социјалните мрежи), но дека јавноста знае кој ги користи.

„За да станеме членка на НАТО моравме да имаме план за равој, одредено ниво на квалитет, ние тоа го презедовме и создадовме систем. Ние ги презедовме тие чекори и НАТО го знае тоа. Кога е во прашање Министерството за одбрана, таму се почитуваат високите стадарди, односно протоколите за информирање и другите протоколи се на ниво на НАТО стандардите, затоа и сме членка на НАТО“, рече Забрчанец кога зборуваше за намерата на Владата и јасната определба дека борбата против лажните вести не прекинува, туку напротив се засилува.

Тој додаде дека МВР има оддел за компјутерски криминал и дектира секакви вести, и за ширење паника, за дискриминација, за напади по други основи итн…

„МВР ги детектира случаите, но не функционира правосудниот систем. Секој што пријавил криминал во полиција, тоа брзо се процесуриа со оние ресурси што ги имаме, но, понатаму процесите не одат задоволително. Ако некој ви се заканува со сечење прсти, како на активистот Петрит Сарачини, и тоа со име и презиме, и тоа член на партија, тогаш? Дали треба повеќе за обвинителството од ова што сега го кажав?“, праша Забрчанец.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    180 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ