Марјан Забрчанец, кој е специјалист по односи со јавност, комуникациски стратегии и стратешко планирање, а и актуелен Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, за актуелната тема за црквата и родовата еднаквост, во објава на Фејсбук, вели „верниците слободно да си се молат, но да не ја мешаат црквата во родовата еднаквост“.
„Се моли црквената политика да не се меша во родовата еднаквост. Се молат верниците слободно да си се молат на господа и да не ја мешаат црквата во родовата еднаквост“, пишува Марјан Забрчанец.