• Latest

Заев: Денеска е нов празник на Македонија

September 30, 2018
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Денеска е нов празник на Македонија

September 30, 2018 10:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев гласаше на избирачкото место 1730 во ОУ „Никола Вашцаров“ во Струмица. Тој на гласање дојде во придружба на сопругата Зорица и синот Душко.

Веднаш по гласањето премиерот Заев во изјавата истакна дека денешниот ден е убав и е нов празник за Република Македонија. Додаде дека денес граѓаните излегуваат и одлучуваат за иднината на земјата и со одлуката граѓаните го прават истото како во минатото, во сите пресудни моменти за Република Македонија, носејќи сериозни и важни одлуки со кои го трасираат патот на земјата за иднината и на наредните генерации кои доаѓаат.

– Денес е вистински празник. Јас  очекувам преку масовноста во гласањето, со големиот одѕив уште еднаш да се потврди и мултиетничкото единство на нашите граѓани и севкупното политичко единство на граѓаните надвор од која било  политичка партија или политички определби. Очекувам Собранието да ја следи мнозинската одлука на граѓаните, која денес ќе биде јасен правец во која насока треба да се движи нашата земја. Очекувам по овие одлуки Македонија конечно  да ги постигне  своите стратешки цели-да биде членка на најмоќниот воен сојуз во светот-НАТО и да биде членка на најсилната економска унија во светот-Европската унија, изјави премиерот Заев пред голем број домашни и странски новинари кои го следеа неговото гласање на референдумот во Струмица.

На новинарско прашање како Бугарија помогнала за референдумот, претседателот на Владата истакна дека нашите соседи со пријателството кое го покажале, почнувајќи пред се од Бугарија, се охрабрил целиот регион.

– Се охрабри и грчката страна за Македонија да ги постигне двата историски договори-прво Договорот со Бугарија за добрососедство и пријателство и соработка, а потоа историскиот договор исто така со Грција, каде што се реши конечно 25-годишниот спор, спорот за името кој го имавме со Грција. Ова останува вечна трага овде во регионот како се гради пријателство, како се верува во европските вредности, како се постигнуваат европски манири, европски односи. Сето тоа верувам дека ќе влијае позитивно на генерациите кои доаѓаат по нас, одговори премиерот Заев.

На новинарско прашање колку премиерот е убеден дека ќе има гласови ЗА, Заев рече дека очекува големо, големо мнозинство гражани да бидат ЗА.

-Јас верувам дека големо, големо мнозинство од граѓаните ќе биде ЗА, бидејќи повеќе од 80 проценти од нашите граѓани се за ЕУ и НАТО. Јас верувам дека тоа огромно мнозинство, како во секоја демократија, ќе биде прецизен патоказ за граѓаните, за нас политичарите и за парламентот да ги следат желбите на граѓаните, а на крајот парламентот да ја изгласа таа желба, бидејќи таму се потврдува нашата иднина, рече премиерот Заев.

На прашањето што му порачал на неговиот син Душко, претседателот на Владата на РМ рече дека заедно дошол со син му на гласање и при тоа гласајќи заедно се определиле за иднината на нашата земја.

„Дојде и тој учествуваше со мене и да види дека ние родителите носиме храбри и сриозни одлуки да ја определиме токму нивната иднина, на нашите деца, на генерациите кои доаѓаат по нас. Јас сум многу среќен што денеска мојот син ја сподели ова историска можност  со мене како родител, пред се, но и како граѓанин на оваа наша сакана земја, за да им обезбедиме токму на нив, децата подобра иднина“, итакна премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања по гласањето во родната Струмица. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ