Во текот на емисијата „Само вистина“ Заев му се обрати на Мицкоски со зборовите: На 27 април Вие бевте дел од толпа луѓе која сакаше да ме убие.
„Вие држите морални предавања за настан на кој и вие бевте присутен и бевте дел од тој настан,па вие треба да се засрамите од моите лузни. Ги изманипулиравте граѓаните. Вашата полтиичка партија сакаше мене да ме убие и другите пратеници кои беа присутни таму. И сите што беа дел од толпата ќе одговараат. Вие сте само еден плејбек на Груевски“, изјави Заев.