Премиерот Зоран Заев го ретвитна текстот објавен на ЦИВИЛ Медиа „Лоја, Еко Герила и #Трансформатори од Тетово со остра реакција кон вандализмот на општината“ објавен вчера и го осуди ограничувањето на слободата на изразување и на критичкиот граѓански глас.
Премиерот на својот Твитер профил напиша:
За мене е неприфатливо било какво ограничување на слободата на изразување и на критичкиот граѓански глас. Ние политичарите можеме само да научиме од граѓанските активисти и од нивната критика, колку и да е непријатна. Мораме постојано да го подобруваме служењето на граѓаните.
Лоја, Еко Герила и #Трансформатори од Тетово со остра реакција кон вадализмот на општината via @https://twitter.com/CivilMacedonia https://t.co/K2LGY3Rgp8
— CIVIL (@CivilMacedonia) November 11, 2019
Лоја, Еко Герила и #Трансформатори од Тетово со остра реакција кон вандализмот на општината