• Latest

Заев и Мицкоски повикаа на масовна вакцинација

September 20, 2021

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Мицкоски повикаа на масовна вакцинација

September 20, 2021 20:13
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот на Канал 5 повикаа на масовна вакцинација на населението.

– Сега има доволно вакцини и треба сите да поттикнеме масовна вакцинација секако кај граѓаните коишто сакаат тоа да го направат и секако колективното здравје да го заштитиме – тоа е одговорна политика. Дајте да бидеме поодговорни, барем ние политичарите за да поттикнеме поголема одговорност, заради тоа што тоа е единствениот пат да ја совладаме оваа проклетија од пандемија која за жал однесе многу човечки животи и само на тој начин да се вратиме во нормалното, нагласи Заев.

Според него, Владата и надлежните прават се што можат со тие капацитети што постојат во државата да ја менаџираат ковид кризата. Благодарение на лекарите и целиот здравствен систем, рече Заев, спасивме илјадници животи.

– Тоа што го правиме ние го прави цел свет, истото го правиме. Се консултираме со сите, кои се нови методи, најнови терапии секојпат се обезбедиле, не се штеделе средства, обвинувања за провизии се надвор од секој памет, набавивме евтини вакцини, ги преземавме сите можни чекори час поскоро да се најдат вакцини, здравствените работници да ги заштитиме…, рече Заев додавајќи дека причината за најголем дел од починатите е дека имале по најмалку две хронични болести.

Премиерот истакна дека секојпат ги слушале експертите во однос на мерките. Додаде дека летово ги попуштиле мерките (конкретно за свадбите), бидејќи бројот на новодијагностицирани бил многу мал. Истакна дека поддржува мерки кои ќе поттикнат поголема вакцинација кај населението.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, ние сме на дното на справувањето со кризата, а на врвот со луѓе кои го загубија животот. Посочи дека Владата ги прифаќала мерките кои тие ги предложиле, но со задоцнување.

–  Кога велевме и нудевме мерки, истите тие мерки ги прифаќаа со задоцнување кога животот кога ќе го изгубеа десетици граѓани, рече Мицкоски, додавајќи дека предупредиле дека ќе дојде до делта варијанта на вирусот во земјава и дека ќе има нов бран.

За жал, во тој момент, како што рече, немаше слух од надлежните. Нагласи оти е шокиран од тоа што вината се префрла на граѓаните.

–  Во регионот каде луѓето имаат сличен менталитет вие да водите со два, три пати поголема смртност, што е поразличен менталитетот на луѓето во Македонија до луѓето во Албанија, Србија, Босна и Херцеговина…, вели Мицкоски.

Ги повика сите кои сакаат да се имунизираат по пат на вакцинација, а сите останати, како што рече, имаат свое право на своето тело и својот живот. Рече дека втората доза на вакцина треба да ја прими во среда.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ