• Latest

Заев: Ќе има дуел со опозицијата

June 3, 2021
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Ќе има дуел со опозицијата

June 3, 2021 15:32
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека е подготвен за дуел до опозицијата, посочувајќи дека многу е важно да се посветат на работите што се договорени на последната лидерска средба. Таму, како што рече, имаме договорени сериозни работи кои носат свои обврски.

– Дуел секојпат е прифатлив, тоа може да значи информација повеќе за граѓаните, комплетно отворање на сите важни прашања и секако секој пат сум подготвен да разговараме за се, додаде Заев.

Тој истакна дека се подготвени да разговараат за сите детали, посочувајќи дека има дваесетина закони коишто се блокирани.

Тој го спомена одложувањето на пописот, како барање од опозицијата, нагласувајќи дека, исто така на нивно барање се одвоени 87 милиони денари за активности кои треба да се повторат.

Претседателот на Владата потенцираше дека за сметка на прифатените барања од страна на опозицијата, тие требало да ја одблокираат работата на Собранието.

–  До ден денеска има 20-ина закони коишто се блокирани.  Не е коректно. Апелирам, ако е до нас да кажат спремни сме за детали да разговараме. Аферим за тоа што е одблокирано. Еве, постигнат е договор за законот за пензионирање, пет месеци пролонгирање – прифативме, во ред е, додаде Заев.

Премиерот нагласи дека „Клиничкиот центар не е мрдат од место“, додека зборуваше за се она што е блокирано од опозицијата.

Рече дека неизмерно се радуваат кога гледаат што е направено во Клиничкиот центар, оти е поставена опрема што ја има во Германија и Франција.

– Така што дај да го одблокираме тоа што е таму важно. Се стави впечаток на Клиничкиот центар заради тоа што навистина ова е нешто прекрасно. Ова е навистина столбот на севкупната хирургија во државата. Тука беа денеска сите директори на институциите коишто ги трансферираат своите сограѓани-пациенти тука да се лекуваат. Можеме многу да направиме, посочи Заев.

Премиерот наведе дека навистина економијата се крева, оти имаме ресурси, само треба да се најде убав речник и дијалог за решавање.

– Така што дуел ќе има, не бегам од тоа. Дај да дадеме шанса, 22 –ри е за деветнаесет дена да се посветиме на тоа, да работиме на постигање на решение затоа што е важно, заклучи Заев.

Околу блокадата на законите од страна на Левица, Заев нагласи дека ќе се изнајде решение.

– Верувам дека ќе се изнајде решение. Навистина не ја сфаќам логичноста на Левица. Левица испадна и десница, испадна и контра се. Значи, ако се натпреваруваат со ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе ќе блокира закони ќе ги добијат резултатите на изборите. Законот за државјанство се однесува за сите наши граѓани. И воочена е потребата и е признаена од сите, од опозиција, од власт, од сите. Ова е решение кое што го најдовме по европските стандарди. Навистина седнавме, власта и најголемите албански опозициски партии и најдовме решение. И сега да се блокира? Јас не можам да ја сфатам која е причината за ова, но постојат алатки согласно Деловникот на Парламентот и ја испочитува опозицијата колку и да била мала таа како Левица треба да се испочитува, но законот ќе се донесе. Немам дилеми дека законот ќе се донесе, изјави претседателот на Владата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ