Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео обраќање ги повика граѓаните на протести. Протестот ќе се одржи во недела во Кавадарци.
„Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО. А нема затоа што имаме неспособна влада. Мора да престанат поразите, а одговорот за тоа е секој еден од вас. Затоа и ќе продолжиме да протестираме и ве повикувам оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш“, вели Мицкоски во видео обраќањето до јавноста.
Премиерот, Зоран Заев, пак, од Брисел ги повика граѓаните да се придружат на големата прослава која ќе се одржи оваа сабота во 15 градови низ Македонија.
„Од денеска Македонија оди само напред, грѓаните нижат уште еден голем успех. НАТО одлучи да биде врачена покана да станеме 30 членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји во светот. Дочекавме уште еден голем ден, ги остваривме нашите заеднички сонови и надежи. Ве повикувам во сабота на 14 јули да прослвиме заедно во градовите низ Македонија. Со македонска музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија чекори кон ЕУ“, порача Заев.
М. Л.