• Latest

Заев: Од 2022 година државата ќе ги покрива придонесите за нововработените млади, ќе има и плус стимулации, само порано да тргнат на работа

October 5, 2021
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Од 2022 година државата ќе ги покрива придонесите за нововработените млади, ќе има и плус стимулации, само порано да тргнат на работа

October 5, 2021 14:34
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Најавуваме за 2022 година, за секој млад човек што ќе тргне на работа, државата ќе ги плати придонесите и ќе има дополнителни стимулации. Само да тргнат на работа. Тие што немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство директно од компаниите каде што ќе бидат ангажирани за да створат своја пракса, да имаат свои практични вештини за да можат на крајот да ги имаат сите опции. Да продолжат со работа, да отворат свој бизнис или да учествуваат во некои други глобални економски тенденции“, истакна премиерот Заев на денешната прес-конференција на која заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров ги презентираа предлог-мерките за забрзан раст на македонскиот стартап екосистем.
Заев, посочи дека Владата сериозно помага, развива механизми и модели преку комерцијалните банки за да биде најден соодветен начин и модел кој ќе  биде решение за секој оној којшто има своја иновативна идеја за да ја преточи во проект, во погон, во фабрика, во производство, во услуги, со цел успешна иднина на младите луѓе, кои ќе бидат свои газди.

„Северна Македонија ја правиме одличен пример во регионот во стартап можностите и во иновативниот и технолошкиот севкупен развој на државата. За останатите млади имаме огромна побарувачка на квалификувани кадри од приватниот сектор, конечна цел ни е од 2022 година сите млади до 29 години да бидат ангажирани“, рече премиерот Заев додавајќи дека државата подготвува мерки со цел младите порано да бараат и стекнат работа, веднаш по завршувањето на средното или високото образование.

„Конечна цел ќе ни биде ангажман на сите млади. Целта на опаѓањето на невработени млади од 42% на 29% во моментот ќе продолжи како тенденција до 2024 година, да обезбедиме помалку од 17% невработеност на младите. Тоа не е бројка само како гола флоскула туку важно е што се вградува еден сериозен енергетски капацитет во државата во економскиот систем кој ќе движи“, оцени премиерот Заев потенцирајќи дека сето ова носи мултипликативни ефекти за целата економија, за целото стопанство.

Тој подвлече дека државата работи и ќе помага на повеќе т.н. ленти: „Една се стартапите, секој да направи чекор, да се охрабри, а другите да бидат директно ангажирани уште во рана младост за да може државата да ги поттикне со плаќање на придонесите комплетно за првите години од нивниот ангажман.“

Дополнително, подвлече Заев, ќе бидат обезбедени стимулации за размена на искуство и развојот на практичните вештини и практиканството коешто им е многу потребно на младите луѓе коишто теоретски се образувале, завршиле образование, но за да бидат конкурентни на пазарот на трудот, директно ќе бидат помогнати од државата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ