„Ова е моментот да провериме: Стабилна власт и стабилно парламентарно мнозинство или разнишана опозиција? Мора да е едно од двете. Или и двете заедно“, рече премиерот Зоран Заев денеска на собраниска седница за пратенички прашања.
„Со оваа моја постапка денеска, еве ме, застанувам пред вас, и во име на целата влада, во име на сите министри и коалициони партнери ја преземам одговорноста и ве повикувам да се изјасните и да гласате за доверба на Владата. Ајде да се соочиме и да расчистиме: Да го видиме на дело тоа толку најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја паднело оваа Влада. Ова е моментот кога ќе им покажеме на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата. Ова е моментот да видиме за што станува збор: стабилна власт или разнишана опозиција? Мора да е едно од двете, ако не и двете заедно“, изјави Заев.