Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил истакна дека 2020 година беше една од најтешките години во поновата историја на човештвото, и дека останува и понатаму да бидеме крајно внимателни.
„Но, оваа планетарна криза го извади најдоброто од човештвото – соработката, пријателството и солидарноста.
Солидарноста и поддршката преку споделување на вакцини од Србија за Северна Македонија, е израз на традицијата во регионот – првата рака на помош да се подаде кон најблискиот сосед, кон комшијата.
Треба да продолжиме да ги негуваме засекогаш пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите и државите, за сите заеднички идни предизвици. Посакувам и повикувам секој еден од нас да придонесе, за да има мир, здравје и љубов на Балканите“, објави Заев.