Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Зарев, на вечерашната прес-конференција поднесе оставка од претседател на СДСМ и од премиер.
Заев им ја честиташе победата на опозицијата на овие локални избори и ја презеде одговорноста за изборниот резултат.
„Дозволете јас од името на СДСМ и сите наши луѓе да им ја честитам на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани, заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегрирана Северна Македонија. Изразувам посебна огромна почит до сите вас, прогресивен мој народе. Сакам да им честитам на сите избрани градоначалници и советници, посакувам чесно и одговорно да им служат на граѓаните“, истакна Заев.
Тој додаде дека лично како човек е дел од СДСМ и од прогресивниот народ и нагласи дека останува дел од партијата.
-Должност ми е да искометирам дека на овие избори беа видливи многу пари на терен кај опозицијата дојдени доминантно од надвор, а дадени главно за политички, но и за економски причини, а дел од големите пари ги добија од домашни бизнисмени, пред се газди на градежни компании, заради идни лични интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за изборниот резултат, рече Заев.
Заев додаде: На овие избори за жал, видовме и сојузи меѓу жртви и насилници од 27 април 2017 година. Се здружија жртвите и насилниците од ВМРО-ДПМНЕ за власт и пари.