Премиерот Зоран Заев денеска, рече дека телефонскиот разговор со руските комичари е приватна работа со која не би требало да се поврзува Руската федерација.
„Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план“, истакна Заев.