• Latest
Добро утро со Орданоски

Заговорот на сијамскиот близнак

April 19, 2018
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Заговорот на сијамскиот близнак

April 19, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]емам ништо против што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, во колумна во „Независен весник“, влегол во жестока политичка конфронтација со ДУИ. Дури немам намера ни да ги толкувам неговите мотиви за тоа. Само ми пречи бесмисленоста на заговорничката теза што тој ја пласира како појдовна основа за судирот со ДУИ: Николовски реторички се прашува дали потпретседателот на нашата Влада, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, имаат таен договор Османи намерно да ја успорува евро-интегративната реформска агенда на нашата држава, за премногу да не ја „засениме“ Албанија со нашата успешна европска приказна, па Албанија наместо со нас, да остане „врзана“ за Босна и Херцеговина и за Косово во „тимското“ припојување кон Унијата?!

Од таа теза, натаму, Николовски разврзува цела конспирација, на линија на добро познатите српско-македонски националистички тврдења за тоа дека на Албанците, во принцип, не треба ништо да им се верува, бидејќи тие, како и да го свртиш – а особено кога еден од Албанија и еден од Македонија, ужас, ќе се сретнат на Косово!!! – работат само за големоалбанските интереси на Балканот. Не го кажува тоа Николовски баш со тие зборови, но токму тоа го мисли.

Централниот доказ, пак, за разложување на овој регионален албански заговор, Николовски го дава во тврдењето дека „сите знаат дека основна одлика на оваа [македонска] влада е неспособност, Владата е целосно неспособна да испорача суштински реформи во клучните области, пред сѐ во делот на поглавјата 23 и 24, а тоа е владеењето на правото и борбата против корупцијата“. Ерго, бидејќи потпретседателот за евро-интеграции е Албанец (Бујар Османи), а и министерот за правда во оставка (Билен Саљији) е Албанец, тогаш тоа, само по себе – бидејќи „сите знаат“ за неуспехот во поглавјата 23 и 24 – е доволен доказ дека се работи за координирано кочење на земјата во нејзината евро-агенда, а за сметка на конспиративните големоалбански интереси.

Човек навистина да се умори од македонскиве националистички недоветни траскања. Да си од ВМРО-ДПМНЕ, по десет години власт во коалиција со сијамскиот близнак ДУИ, и да тврдиш дека оваа десетмесечна Влада е неуспешна во „владеењето на правото и борбата против корупцијата“ (што, нели, „сите го знаат“!), не е проблем само на политички безобразлук, туку е и прашање на недостаток на елементарно домашно воспитување, како кога, пред сите, би си го исекнале носот на сред вечера во чаршафот на масата. А на тој безобразлук да додадеш и теорија на големоалбански заговор, е тоа е како и шлајмот од грлото да го плукнеш во празниот филџан кафе!

Но, тоа е само едното, попримитивно политичко ниво на кое оперира сегашното раководство на македонската опозиција. Другото, повисоко ниво, е она на пропуштената политичка шанса од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се сподели политичкиот успех на македонската евроатлантска приказна, не само заради куртоазноста со која и комесарите на Европската комисија и Заев решиле широкоградо да ја честат опозицијата со европски комплименти само затоа што, замислете, се вратила во Собранието; туку и затоа што овој момент на славење нема да трае предолго, а којзнае кога ќе биде следната прилика за опозицијата да се „очеша“ од европскиот „ѕвезден прав“ со кој од Брисел решиле малку да нè подзаросат.

И сето ова, дури, и нема врска со квалификациите на ДУИ како партија на криминалот и на изневерените албански домаќински, а не само национални очекувања. Тие оценки, во најголема мерка, се точни, а и благо формулирани.

Само немој ти, потпретседателе Николовски, ко Бога те молам!


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: АлбанијаАлександар НиколоскиБујар ОсманиВМРО-ДПМНЕевроинтеграцииМакедонија
Share127TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ