Вкупниот износ на еднократните загуби што ги претрпе Украина од почетокот на руската инвазија веќе изнесува 564,9 милијарди долари, објави првиот вицепремиер на Украина, министерката за економија Јулија Свириденко на својата Фејсбук страница, пренесува Укринформ.
Во моментов, структурата на штетата е следна:
– 119 милијарди долари – загуба на инфраструктура (речиси 8.000 километри патишта, десетици железнички станици, аеродроми уништени и оштетени);
– 112 милијарди долари – загуби на БДП во 2022 година;
– 90,5 милијарди долари – загуби на цивилното население (10 милиони квадратни метри станови, 200.000 автомобили и обезбедена храна за 5 милиони луѓе);
– 80 милијарди долари – загуби на претпријатија и организации;
– 54 милијарди долари – загуби на директни инвестиции во украинската економија; и
– 48 милијарди долари – загуби на државниот буџет.
„Треба да се забележи дека бројките се менуваат секој ден и, за жал, тие растат. Затоа Украина, и покрај сите пречки, ќе се обиде да ја врати компензацијата од агресорот – и преку судски спор и со добивање пристап до замрзнатите средства на Русија. Злото неизбежно ќе биде казнето, а Русија ќе ја доживее целосната тежина на сопствените криминални дејствија на територијата на Украина“, нагласи Свириденко.
Како што беше објавено претходно, Министерството за економија на Украина во април ќе почне да ги пресметува првичните загуби на БДП поради војната што ја започна Русија.
Подготвил Д.М.