• Latest
Екатерина Захариева

Захариева, не ја негирајте нашата автентичност!

November 18, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Захариева, не ја негирајте нашата автентичност!

November 18, 2020 14:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Екатерина Захариева

Екатерина Захариева

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Томислав Кежаровски

Бугарија и официјално рече „НЕ“ за отпочнување на преговорите за влез на Македонија во Европската унија. Ќе имало место за нас во Унијата кога ќе сме биле подготвени, рече онака надмено бугарската министерка за надворешни работи, нарцисоидната, суетна и претенциозна Екатерина Захариева. Демек, не сме промовирале европски вредности. А и јазикот и идентитетот ни биле бош.

А, па тие, едно подготвени што беа кога влегоа во Европа, и се во моментов, и знаат од каде се и што зборат, леле мајко… Голем грев, голема глупост, голема будалаштина, големо безврска…

Остануваме заробени во сенките на минатото и на националистичките големи идеи на Бугарија. Жртви сме на нетолерантна дискриминација.

Наместо издигнување на Балканот на повисоко ниво и промоција на поквалитетен живот – „лок даун“.

Ова нивново не е став, ова е силеџиство… Но, ние, народот што сме во Македонија сме кревки, ама и издржливи до немајкаде. Гордите и, како што за себе велат, толерантни соседи, да можат ќе не помножат со нула. За некого гордоста секогаш е достоинство, возвишеност, големина…. и значи нешто апсолутно позитивно, но никако во врска со егоизам и зло од секаков вид.

Далеку од тоа дека сум некој голем верник, а поготово што не сум приврзаник на многу проповеди кои можеме да ги слушнеме од свештеници, но знам дека во христијанството гордоста на прво место е како смртен грев.

Госпоѓа Захариева, гордоста треба да се сфати како препрека за комуникација меѓу луѓето (меѓу пријатели, роднини, колеги, народи, политичари итн, итн…) затоа што секое достоинство и гордост често пати може да биде причина за несогласувања, прекин на врска, а да не одиме толку далеку да наведеме крупни политички грешки кои настанале заради „чување на честа и достоинството“, а довеле до војни, убиства и масовни страдања… за што има доволно примери во историјата.

Тоа се луѓе кои имаат гард кон околината. Поради некои лоши искуства од минатото или поради комплекс на ниска вредност го втеруваат во себе она „подобар си ти од сите нив“ и почнуваат навистина да се однесуваат над се, некако гледајќи од висина.Гордоста е најупорен грев којшто најмалку се забележува. Најстрашно е што оној кого ќе го зафати е заслепен за фактите дека од неа е зафатен, дека е лоша.

Гордоста е пронаоѓање на демоните, потомок на подметнувања, знак на духовна јаловост, но и виновник за падови, извор на гнев, врата на лицемерство, чувар на гревови, нечовечен судија…Неретко достоинството се меша со гордоста, со идејата дека достоинствените луѓе се секогаш силни, секогаш „над ситуацијата“, дека случувањата во надворешниот свет речиси и не ги допираат. Луѓето со таква претстава за достоинство многу често чувствуваат осаменост и страдање. Имаат потешкотиида ја прифатат својата ранливост затоа што ја доживуваат како слабост, како маана заради која можат да бидат отфрлени, исмеани или видени како „помалку вредни“.

Ранливоста ја гледаат како слабост затоа што некогаш се почуствувале искористено и неприфатено во ситуации кога барале поддршка. Тие се срамат од својата ранливост и несовршеност и заради тоа го кријат од другите своето вистинско лице. На тој начин се прават себе си недостапни за поврзување со други и, како по правило остануваат осамени.

Погрешните идеи дека гордоста и самопочитта, суштински, се еднакви особини ги доведуваат до идеја за совршеност која е вид на негирање на автентична личност.

Срамот од прикажување себе си како несовршено битие ја нарушува можноста за стварање блиски и смислени врски. Тие секогаш се сомневаат во односите кои ги оствариле затоа што се прашуваат што ќе се случи со нив ако некогаш се покажат во вистинско светло. Живеат во страв од разоткривање, негувајќи имиџ за кој веруваат дека ќе ги сочува од идни повреди и омаловажувања. Таквите луѓе не разбираат дека покажувањето на вистинското лице, кое е секогаш несовршено и ранливо, основа за стварање блиски односи, во кои наоѓаме доверба, поткрепа и сила за живот.

Лав Николајевич Толстој вели: „Гордоста е крајна беда на душата која во своето помрачување мисли дека е богата. Сметајќи се себе си подобар од сите, лошо е и глупаво. Сметајќи го своето семејство подобро од сите други уште е полошо и поглупаво. Да го сметаш својот народ подобар од сите други е поглупаво од се што може да се замисли. Но, тоа не само да не се смета лошо туку се слави како некоја голема доблест“.

Толеранцијата, за која толку многу зборувате министерке Захариева, подразбира волја и способност да се прифати и допушти различност, било да се работи за разлики во политичкото уверување, или за верски, расни или полови разлики.Таа не е само уважување на различностите на другите луѓе, раси и народи. Толеранцијата е начин да се зголеми личниот развој. Со уважување и учење за туѓите различности учите за светот кој довоно добро, или безмалку воопшто, не го познавате. А што е тоа ако не учење и збогатување на вашето сопствено знаење и сознание. Впрочем, учејќи за различностите, ги преиспитувате и своите вредности, приоритети и уверувања.

Сменете го таквиот став. Научете ги децата дека различностите збогатуваат, а не го уништуваат вашиот сопствен идентитет. Со умисленост на некаква величина не можете да негирате се што не е ваше, а баш ваше имате малку нешта. Не можете и не смеете, скривајќи ја вашата несовршеност, да ја негирате нашата автентичност.

Луѓето кои се различни не се дрчни и не дискриминираат, ниту со своите животи и животни навики не го попречуваат другите околу себе.

А, луѓето кои што навистина се „големи“ се по правило пријателски настроени луѓе кои наместо да покажуваат колку се „високи“, се обидуваат да се спуштат на нивото на соговорникот, од куртоазија и заради плодоносна комуникација. Овие другиве се само луѓе кои се борат со своите демони.

Тоа што вие сте членка на ЕУ, и заради некој ваш каприц не сакате ние да сме, не ви дава за право за вообразеност, надуеност, препотентност, ароганција и извештаченост.

Не е страшно, Госпоѓа Захариева, кога човек е тажен. Ниту кога е очаен. Ниту, пак, кога е разочаран и кога најмногу боли. Страшно е кога човек е празен. Патем, министерке, прекрасно е чувството кога навечер ќе си легнеш во кревет и лесно ќе заспиеш, затоа што нема „никои“ да те прогонуваатзаради зли дела. Чистата совест е од непроценлива вредност. Верувајте ми. Ќе видите. Ако некој ви го даде своето срце, тоа не е причина да му ги земете и гордоста и душата…

Чувањето на „достоинството“ доведе до многу војни и масовни страдања за што има многу примери во историјата, и во поблиската и во подалечната.

Мојот народ не заслужува непочитување… Ние, како по правило, никогаш ништо толку лесно не сме добиле. Затоа, нашиот влез во Унијата, кога и да се случи, нашиот успех ќе биде од огромен поогромен, од сладок посладок.

ПС. Господине Заев, сфати, не можеш да втурнеш големо пријателство во ситна душа, едноставно не оди.Понекогаш човек мора да страда во животот… Не затоа што бил лош, туку затоа што не знаел кога и каде да престане да биде добар…

Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ