• Latest

Зајкова: Геноцидот во Украина продолжува, токму затоа што претходниот геноцид не беше казнет

June 9, 2023

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Зајкова: Геноцидот во Украина продолжува, токму затоа што претходниот геноцид не беше казнет

Да кажеме тивка молитва за големите трагедии на минатиот век, за претрпените жртви и залудно изгубените човечки животи, за изгубените детски насмевки кои никогаш нема да бидат заборавени и секогаш ќе нè прогонуваат како своевиден потсетник за границите на човечката злоба и важноста од функционален систем кој истата ќе ја казни и контролира, за да не се повторува, повторно и повторно..., вели Зајкова.

June 9, 2023 14:37
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter
Денешната изложба „Украина памети, светот препознава”, но жално е што историјата се повторува. Не смееме да се плашиме да го кренеме гласот против нечовечните, тирански режими кои како пред 90 години, така и денес се одговорни за убиството на милиони луѓе, истакна пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова, на денешниот настан и изложба за одбележување на Меѓународниот ден за заштита на децата и 4 јуни, ден кој Украина го одбележа во спомен на децата што загинаа како резултат на руската агресија во Украина. Настанот го организираше Амбасадата на Украина во Северна Македонија, а се одржа во Музејот на макеоднската борба за самостојност.

Во продлжение обраќањето на пратеничката Зајкова:

„Се сменија играчите, но играта и понатаму остана иста. Ништо не е променето освен името на диктаторот и начинот на убивање, прво беше Сталин, диктаторот на државата што во тоа време се нарекуваше Советски Сојуз за 90 подоцна, сегашниот диктатор на истата држава која денес се нарекува Русија, тргна со истата цел: да ја покори Украина или да ја уништи.

Геноцидот продолжува, токму затоа што претходниот геноцид не беше казнет. Масовната глад во Советска Украина, или “гладоморот” уште нарекуван и “украински геноцид” или “украински холокауст”, се смета за една од најтешките национални катастрофи во украинската историја, со жртви проценети на неколку милиони. Лишени од каква било храна, луѓето полека починале во ужасни маки. Честопати, живите луѓе се доведувале до таква беспомошна состојба да не покажуваат видливи знаци на живот, и така да бидат погребувани.

Гладот бил резултат на Сталиновата политика за присилна колективизација и воопшто отпорот од страна на украинскиот народ, кој како основа на советското земјоделство не сакал да ја прифати новата економска политика.

Милиони луѓе починале од глад, а најголемите загуби ги претпела Украина која била најплодно земјоделско подрачје на територијата на Советскиот Сојуз. Замислете, за да се истреби нацијата- беше забранета токму храната. Системот убиваше милиони луѓе- со глад.

Зошто? Затоа што се противат на одредена политика и се Украинци.

Денес исправени сме пред новата мрачна реалност – секојдневни конфликти, нови жестоки воени жаришта и бранови на терористички напади, нуклеарни закани, сајбер војни, глад, несигурност и брутални насилства насекаде во светот, но сведочиме што и се случува на Украина особено.

Не смееме да дозволиме ваквите акти на агресија да бидат заборавени! На светот му требаа цели 90 години да признае на ниво на влади или парламенти во голем број на држави од демократскиот свет дека Гладоморот е акт на геноцид, а Европскиот парламент на 23 октомври 2008 година усвои Резолуција со која се признава Гладоморот како злосторство против човештвото. Ваквиот пример треба да го пратат сите земји, вклучително и Македонија.

Имаме одговорност кон самите себе, кон граѓаните во сопствените држави, а и кон сите луѓе ширум светот да ги преземеме сите можни  превентивни мерки за ова зло да не биде повторено.

Им должиме на сите згаснати невини детски животи и на сите пролеани солзи за загубата на родители, деца и воопшто човечки животи да се присеќаме на ваквите немили настани како своевиден потсетник за превисоката цена платена за да се научи животна лекција – Секој човечки живот е подеднакво вреден, независно дали зборуваме за Македонец, Албанец, Турчин, Украинец или припадник на било која држава и која било националност.

Би сакала и се заблагодарам на Амбасадата на Украина во Македонија за поканата и можноста да учествувам на овој настан, за кој сметам дека е добар начин да се потсетиме и да кажеме тивка молитва за големите трагедии на минатиот век, за претрпените жртви и залудно изгубените човечки животи, за изгубените детски насмевки кои никогаш нема да бидат заборавени и секогаш ќе нè прогонуваат како своевиден потсетник за границите на човечката злоба и важноста од функционален систем кој истата ќе ја казни и контролира, за да не се повторува, повторно и повторно…

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ