• Latest

Закани и притисоци

March 12, 2019
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Закани и притисоци

March 12, 2019 17:27
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборните процеси во земјава, секогаш, по дефиниција, на површина ги исфрлаат сите дефекти на институциите, општеството и државата. Меѓу нив, без исклучок, секогаш и секаде, се политичките закани и притисоци, преку поделби, страв и заплашување, некогаш бесрамно, а некогаш помалку суптилно.

Политичките закани и притисоци по дефиниција се системска злоупотреба и притисок врз политичка основа чија цел е да се контролира гласачкото тело. Па според тоа, неретко во себе го содржат и елементот на злоупотреба на службената должност. Или, попрецизно, се подвид на оваа категорија. Најчести жртви на заканите и политичките притисоци се граѓанките и граѓаните вработени во јавниот сектор, но не е исклучен ниту приватниот.

Овие притисоци воопшто не се непознати за нашето општество, и се особено интензивирани во пресрет на изборните процеси. СМС пораки за мобилизација, списоци со „сигурни гласачи“, отпуштања, казни се само дел од низата злоупотреби преку кои се врши директна систематска политичка пропаганда.

Во изминатите години ЦИВИЛ како организација која спроведува интензивен и сеопфатен мониторинг на изборните процеси во земјата, бележи голем број на закани и политички притисоци врз вработените во општините, основните и средните училишта, детските градинки, комуналните и јавните претпријатија. Но, вработените во јавниот сектор не се единствените жртви на политичкиот притисок, туку на вакви притисоци се изложени и работниците во приватниот сектор, социјално ранливите категории, како и самите сопственици на приватни фирми, најчесто преку Управата за јавни приходи. Оние похрабрите, политички неподобни или непослушни, најчесто на крајот се соочуваат со казни и отпуштања од работа, непродолжување на договорите за работа, намалување на платата…

Секој обид за закана или политички притисок за време на изборните процеси мора да биде пријавен и соодветно санкциониран, само така граѓанките и граѓаните ќе се охрабрат да го остварат своето право сами да носат политички одлуки. Само на овој начин во земјата може да се спроведат слободни избори што е предуслов за владеењето на правната држава.

М. Ивановска

 


Со цел да придонесе кон јакнење на јавната свест за правото на глас, како и за нерегуларностите во изборните процеси, ЦИВИЛ започна со серија едукативни текстови за различни аспекти на изборните процеси. 

Граѓанките и граѓаните што имаат информации за кршење на правото на глас, злоупотреби, притисоци и други нерегуларности во текот на изборниот процес, можат да пријават на онлајн формуларот Слободни избори или да контактираат со ЦИВИЛ на monitoring.civil@gmail.com, во инбокс на ФБ страницата на ЦИВИЛ или да се јават на 02/5209176.

Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ