• Latest

Законите го прават деловна тајна договорот со „Бехтел и Енка“, тој е достапен за ОЈО и пратеници со сертификат

April 24, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Законите го прават деловна тајна договорот со „Бехтел и Енка“, тој е достапен за ОЈО и пратеници со сертификат

April 24, 2023 13:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе законски решенија ги утврдуваат критериумите и начините за управувањето со податоците кои се означени со степен на доверливост, каков што е  всушност и договорот постигнат со економскиот оператор „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10Д. Властите веќе информираа дека постојат повеќе вакви договори како актуелниот со американско-турскиот конзорциум, на чие пак барање договорот е со степен на доверливост поради деловни тајни на компанијата кои не сакаат да бидат споделени со пошироката јавност, особено поради конкурентноста во градежниот сектор. Владата објави дека сепак договорот ќе може да биде достапен за институциите, како што е Јавното обвинителство, но и за пратениците кои поседуваат соодветен сертификат.

Инаку, според домашното законодавство, не само договорот, туку и самиот тек на преговорите подлежи на строго утврдени критериуми, кога на маса се поставени информации од деловна тајна. Па така, Законот за облигациони односи во членот 22 предвидува дека „ако едната страна, во текот на преговорите и дала на другата класифицирани или доверливи информации или и овозможила да дојде до нив, другата страна, освен ако поинаку не е договорено или уредено со закон, не смее да ги направи достапни на трети лица, ниту да ги користи за свои интереси, без разлика дали подоцна договорот е склучен или не“.

Согласно овој закон за тоа кои информации се сметаат за доверливи во трговската практика и работење, се уредува со општ акт на правното лице. Материјата е дополнително уредена и во Законот за јавни набавки, во членот 30 кој е посветен на заштита на податоците.

Според овој закон „договорниот орган не смее да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација“ при набавката. Понатаму, економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество. Дури и во случај да не се постигнел договор, пред конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката не се применуваат прописите кои го уредуваат пристапот до информации од јавен карактер.

Воедно Владата обврзана да ги штити податоците означени како деловна тајна и во самиот Закон за Влада, во кој се вели:

„Владата нема да објави информации што се однесуваат на националната безбедност, службена и деловна тајна, како и на личните податоци на граѓаните согласно со законот со кој се уредува заштитата на личните податоци на граѓаните.“

Од друга страна, Кривичниот законик предвидува високи глоби за непочитување на законските решенија што ја уредуваат материјата поврзана со деловните тајни. Членот 281 од Кривичниот законик детално ги опишува овие кривични дела, па така „тој што на неповикано лице ќе му соопшти, ќе му предаде или на друг начин ќе му ги направи достапни податоците што со закон се прогласени за деловна тајна, како и тој што прибавува вакви податоци со намера да ги предаде на неповикано лице, ќе се казни со затвор од една до пет години“. Потоа, „ако оддавањето на овие податоци предизвикало или можело да предизвика потешки штетни последици, како и тој што прибавува вакви податоци со намера да ги предаде на неповикано лице, ќе се казни со затвор од три месеци до три години“.

Претставниците на власта претходно ги повикаа Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да го разгледаат и истражат случајот и посочија дека во моментот кога ЈО ќе го побара договорот согласно со процедурите ќе го добијат со оглед на тоа дека имаат луѓе коишто таму работат и имаат степен на доверливост и сертификати.

-Се работи за Договор, како и други договори, што ги има склучено Јавното претпријатие за државни патишта со приватни компании, кои се изведувачи, во случајов се работи за проект и за изведување и за проектирање, во којшто во Договорот, како и во секој друг договор има ниво на доверливост со оглед на тоа дека има компании кои во него наведуваат свои елементи, на кој начин работат, произведуваат итн…, и кои нормално, како во секој двостран договор, не сакаат такви деловни тајни да бидат достапни на пошироката јавност. Но, не значи дека таков договор не е достапен до оние кои имаат право да го имаат согласно со постапки и процедури во државата, рече неодамна премиерот Димитар Ковачевски.

ЦМТ

Tags: Бехтел и Енкаделовна тајназаконодавствокоридори 8 и 10Меј
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ