• Latest

Законот го истуркавте… Çka tash?

March 15, 2018

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Законот го истуркавте… Çka tash?

March 15, 2018 10:58
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Çka tash? Што сега, по ваквиот, делумно применлив закон кој, во принцип, треба да придонесе кон градење на мултикултурно општество? Што ако имаме таков закон, кога очигледно на Ахмети не му е важен концептот на мултикултура? За Груевски ич да не правиме муабет. Ниту го разбираат, ниту сакаат да го разберат. Важни им се парите кои ги наплаќаат од примитивната моќ на национализмот. Тие на политичките процеси им ставаат цена, висока. Политичките процеси во земјава, разорена од децениски грабеж и поделби во кои самите се директни протагонисти, се одвиваат по цена на уште поделби и омраза, по цена на уривање на политичкиот кредибилитет на владата, по цена на компликации во отворените (суштински) процеси, по цена на реформите кои (и онака) стојат во место…

Пишува: Џабир Дерала

Што сега? Сите заедно, без оглед на јазикот на кој говорат, имаат тежок живот. Некои немаат ни леб да им дадат на своите деца денеска. Извршителите, со полициска асистенција, повторно ќе исфрлат некое сиромашно семејство на улица. Деца ќе бидат препродавани во организирана мрежа на детска проституција. Некој локален бандит, а истовремено партиски мускул (функционер) повторно ќе тепа некого (со или без униформа). Лигавите и мизерни насилници, апаши и затајувач(к)и на данок во сласт ќе пијат кафе во луксузните естаблишменти на Фамилијата. Мајки ќе молат за лекови за нивните деца. Дијабетичарите ќе ги пребројат ампулите со инсулин…

Çka tash? Ова прашање го поставивме и ден по потпишувањето на Рамковниот договор, на македонски и албански јазик. Некако, низ годините, тој плакат остана запаметен на албански јазик и кај Македонците и кај Албанците… Анегдота која ја споделуваме понекогаш, без намера да го објаснуваме тоа. Како што нема потреба да се објаснува кога Македонец во Дебар му се обраќа на Албанец на албански, а овој му одговара на македонски. Нема потреба од тоа. Само е убаво.

Но, сега треба прашањето Çka tash? да го поставиме поинаку, по евтиниот театар околу гласањето на Законот за употреба на јазиците. Навистина, што сега? Прво, треба да разбереме дека овој закон е само политичко оружје на бившите коалициони другарчиња, Никола Груевски и Али Ахмети. Првиот, затоа што нема веќе речиси ништо во рацете, за да се пазари, освен да го одржи жив екстремно националистичкиот наратив, што беше гориво за неговата лакома диктаторска локомотива 11 години. Вториот, затоа што мора да постигне некаков успех пред своите гласачи кои масовно гласаа за други партии, па и за СДСМ, само за да се ослободат од неговите грабежливи вемероидни канџи.

Да му беше важен законот на Ахмети, тој ќе притиснеше и ќе успееше да го издејствува уште во 2011 година, ако не и порано. Наместо тоа, тој му е послушен на Груевски цело време. Во бомбите слушнавме како тој на својот газда кротко му рече дека, ако треба и цело село да го сруши, само да е по закон (Ахмети и закон, еј!). Тоа, откако се разбраа (одвај) дека овој е на прослава на именден, а не кај Имер.

Па и Грујо на оној мостон кај Сарај се потеше и зборуваше на индијански албански, кутриот. Сето тоа не беше со цел да се изгради мултикултурна и граѓанска Македонија, туку, напротив, се градеше поделена, гетоизирана и тензична земја, меѓу две заедници кои во менгеме ги ставија сите помали и сите што сакаа да бидат граѓанки и граѓани на светот, а не да припаѓаат на едно или друго гето.

Затоа, законов за јазици не е правно прашање, туку е примитивно орудие во рацете на оние што сакаат без труд и посветеност, со заобиколување на законите, да ја задржат моќта, а „своите“ да ги држат закрепостени со стравот и омразата кон „другите“.

Она растениено, со кредибилитет колку зелените корупки кои лебдат во вировите во Градски парк, со последни сили ќе се обиде да ги исполни барањата на својот газда, злоупотребувајќи ја уште еднаш функцијата претседател на државата. Ќе одат и до Уставен суд кој ќе се произнесе како што ќе се произнесе. Ќе има и низа други натиго-дајмиго ситуации. Ништо од тоа, всушност не е важно. Народецов веќе толку пати виде кршење на Уставот, стандардите и процедурите што сето тоа, всушност, нема значење.

Ништо нема значење! Се навикнавме мрзеливите и незнајковците да пишуваат неприменливи или делумно применливи закони на сметка на даночните обврзници на оваа земја. А потоа да држат бескрајни, апсурдни и хистерични говори на она радиото регистрирано во Белизе, на пример.

Се навикнавме на помали или поголеми политички кризи да се решаваат секаде, само не во зградата на законодавниот дом. Зад затворени врати. Тоа го нарекоа „политички дијалог“. Се навикнавме парчињата хартија со неволно ставени потписи да бидат нашата судбина, а не Уставот и законите (од кои голем дел се и онака лоши). Ќе му простат на Груевски уште некоја година затвор или ќе дадат уште некој милионски тендер на фирмите на неговиот братучед, за потоа да станат „конструктивни“. Или, за такви работи не се разговара? Maazallah!

Што и да се случи, што и да се договорат, сеедно. Македонија останува грдо место за живеење. На кој сакате јазик.

Tags: Али АхметиЗакон за употреба на јазициНикола ГруевскиУставфамилија
Share261TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ