• Latest

Законот за ЈО, последниот тест за Мицкоски

January 31, 2020

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Законот за ЈО, последниот тест за Мицкоски

Ништо не упатува на тоа дека Мицкоски, иако формално е на чело на ВМРО-ДПМНЕ, има било каква контрола врз партијата. Тој останува тоа што беше уште во мигот кога се дозна за неговата номинација за претседател – марионета на бегалецот од правдата, неговиот ментор и идеолошки стопан. Веројатно, нема ништо повеќе од тоа. До вчера и формално почесен претседател на партијата, Груевски ги влече сите конци, цврсто закачени на сите зглобови на Мицкоски.

January 31, 2020 18:05
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Законот за Јавно обвинителство (ЈО) е вистински тест на моќта на Мицкоски што, судејќи по тоа што јавноста веќе одамна го знае, тој реално ја нема во партијата. Нема потреба посебно да се образложува и докажува неговата позиција во партијата и неговата вистинска улога во политиката.

Мицкоски го следи темен облак на неуспехот… Почнувајќи од тоа со каква милитантна багра располагаат онлајн, завршувајќи со трагикомедијата од технички министри и заменици што ги назначија во техничката влада. Да не зборуваме за тоталните утки во сите можни кампањи, од онаа за претседателските избори, до митинзите низ земјава за „Обнова“ (на режимот, разбира се), каде што и роднините на неговите локални функционери одбиваат да се појават.

Ништо не упатува на тоа дека Мицкоски, иако формално е на чело на ВМРО-ДПМНЕ, има било каква контрола врз партијата. Тој останува тоа што беше уште во мигот кога се дозна за неговата номинација за претседател – марионета на бегалецот од правдата, неговиот ментор и идеолошки стопан. Веројатно, нема ништо повеќе од тоа. До вчера и формално почесен претседател на партијата, Груевски ги влече сите конци, цврсто закачени на сите зглобови на Мицкоски.

Се чини дека некои веруваат дека тој можеби ќе се одважи да излезе од цврстите прегратки на својот шеф, со право на глас во Будимпешта (Пустец во Будимпешта). Мали се шансите за тоа. Мицкоски, едноставно, беше поставен на почетокот на една долга удолница, без кочници, бос и со неисправен калкулатор во рацете.

Ова се денови кога Мицкоски е пред самиот крајот на својата удолна патека и се соочува со последниот тест. Неговата позиција во однос на Законот за ЈО е тој последен тест за утврдување дали тој има моќ на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ и, воопшто, дали има дозвола да размислува самостојно. Одговорите на овие дилеми се крајно непријатни и сигурно е тешко да се живее со нив. Тешко е да се биде на чело на партија чии преговарачи за законот се обвинети лица, како Милошоски, на пример. Да не ги набројуваме другите, да не губиме време.

Ако Мицкоски донесе одлука да се сврти кон Европа и да го поддржи Законот за ЈО, има шанси за опстанок во политиката, макар и да добие катиљ ферман од Орбанистан. Сепак, поверојатно е дека ќе остане послушен спроведувач на политиката под диктат од Будимпешта. А тоа ќе значи дека неговите денови како политичар се одбројани. Потоа… Што потоа? Ќе дојде време кога ќе мора да ги одговори сите непријатни прашања што му се поставуваат во јавноста од првиот ден на неговото лажно шефување.

Овие години, на потешкиот начин, се соочивме со горчливата вистина дека правдата е бавна и дека криминалот е длабоко вкоренет во системот и ужива поддршка од силни центри на моќта што се и надвор од нашата земја.

Веќе со години, оваа земја живее меѓу тежнеењето да се изгради европска држава во која владее правото и демократијата и грчевитите обиди да се врати режимот или барем да се издејствува амнестија за криминалот. Од падот на режимот до сега, граѓанките и граѓаните на Република Северна Македонија се неми сведоци на крвав напад на законодавниот дом, бескрајно одолговлекување, блокади и обиди да се осуети долгоочекуваната правда. Но…

Законот за ЈО ќе биде донесен. И реформи во правосудството ќе се спроведат. И Јавното обвинителство ќе биде силно и независно. И правда ќе има.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ