• Latest

Законот за попис чека потпис од Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ решени да го „бојкотираат“

January 23, 2021
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законот за попис чека потпис од Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ решени да го „бојкотираат“

January 23, 2021 11:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

И додека се чека на на потпис од претседателот Стево Пендаровски за Законот за попис, кој претходно најави дека пред да го потпише  ќе се консултира со правни експерти за да не биде попречен од одредени политички влијанија, односно „ни требаат конкретни изјави дека и по смена на власта никој нема намера да го менува Уставот и да ги одзема правата“, опозицијата не отстапува од таканаречениот „бојкот на пописот“.

Пратеникот и портпаролот од СДСМ Костадин Костадинов, на Твитер го постави прашањето за релевантоноста на 10.000 потписи што ВМРО-ДПМНЕ планира да ги собере за спречување на пописот.

„ДПМНЕ ќе собирало 10.000 потписи за поништување на законот за попис. Зошто кога тоа може да го направи со само еден пратеник? Не сакам да верувам дека е непознавање, но отвора дилеми за стабилноста во пратеничката група со сигурност.“, напиша Костадинов на Твитер.

Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат Пендаровски да не го потпишува Законот и „ да го спречи овој фалсификат во обид“.
„Со пописот што ќе се одржи на пролет, со оваа најобемна статистичка операција ќе се соберат релевантни, точни податоци за географски, демографски, економски, образовни, миграциски, културолошки карактеристики како и информации за инвалидитет, односно функционална попреченост на населението. Овие податоци се од непроценливо значење за креирање на многу економски политики, рамномерен регионален развој, соодветни политики во образованието, здравствената заштита, културата, односно за креирање на издржани политики и стратегии за сестран развој на државата. Опструкција на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ не е начин да се помогне на државата, туку се одмага, како што е случај за многу работи во последните години“, се вели и во денешното соопштение на СДСМ, со цел објаснување за легитимноста и статистичката функција на пописот, а не како што се изрази во денешното соопштение ВМРО-ДПМНЕ дека „ Заев сака попис кој е однапред договорен, со испазарени бројки“.
*
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на панелот на ЦИВИЛ, Попис: Помеѓу статистиките и политиките, што се одржа на 11 декември 2020 год. опширно го појасни целиот процес на спроведување на пописот.
„Јавноста треба да ги знае сите детали за пописот, треба да се подготвиме сите, бидејќи иако е статистичка, оваа активност не е само статистичка, туку е активност што треба да обезбеди податоци за општо добро. Податоци со коишто ќе се креираат развојни политики во државата наредните десет години, и врз основа на тоа, секој граѓанин во нашата држава да има бенефит од оваа работа“, вели Симовски, надополнувјќи дека политизацијата на самиот попис не е резултат само во случајот со неуспешниот во 2011, туку тоа е практикувано и во претходниот систем.
Иако ВМРО-ДПМНЕ спори околу користењето на фингерпринт терминали при попишување, со повторното актуелизирање на пописот минатата година, се отвори прашањето и за вклученот или исклученост на етничката припадност во пописот.
„Јас бев промоторот на идејата во овој попис да се исклучи белегот на етничка припадност, не поради тоа што тој белег не дава убави, интересни и корисни информации, туку заради тоа што тој белег е главниот момент каде што политиката се фаќа за пописот и сака да го злоупотреби до максимум… Но јавноста реагираше како што реагираше, и прифативме тој белег да биде вклучен бидејќи јавноста има интерес. Ќе биде вклучен во пописот и секој слободно ќе може да се изјасни како што сака“, изјави Симовски.
Во анкетата на ЦИВИЛ Медиа, на прашањето зошто е важно да се одржи попис, граѓаните во поголем број ја истакнаа потребата за попис и придобивките од оваа статистичка операција. Само мал дел изразија недовеба во институциите, смметајќи дека ќе се злоупотреби за политички цели.

 

Законот за попис кој се изгласа во Собранието со  62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, и кој  се планира да се спроведе од 1 до 21 април, ќе се врши на јазикот што ќе го избере лицето кое се попишува или лицето кое ги дава податоците. Исто така, законот предвидува и глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице ако одбие да ги даде податоците што се бараат од него за Пописот или ако даде неточни податоци.
Б. Ј.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ